ММС

Објавено на: 07/16/21 8:57 AM

Скандал во Реал Мадрид! Претседателот Перез ги навредувал играчите, тренерите и медиумите

„Гути е како коза, сам себе најголем непријател. СЕР вработил морон. Не оди тоа, тој е морон, не е способен“, истакнал Флорентино Перез во новите снимки кои ги објави шпанскиот весник Ел Конфиденсал.

Претседателот на Реал Мадрид се најде во средиштето на скандал откако во јавноста излегоа снимки во кои ги навредува играчите, тренерите и медиумите.

Се работи за неколку снимки во кои Перез (74) говори за неколку фудбалски ѕвезди.

– Шокиран сум колку Калдерон се прелажа со Гути затоа што овој одигра добро само два натпревари. Очигледно мисли дека мора да му веруваме – вели Перез во снимката кој имал комплексен однос и со Раул, Икер Касилјас и Кристијано Роналдо.

Снимката од март 2007 година е доказ дека тој имал најлоши односи со Гути кој во тоа време го продолжи договорот до 2010 година.

Перез му се нафрлил и на легендарниот Луис Фиго кој во документарниот филм на ЕСПН призна дека никогаш не сакал да потпише за Реал Мадрид.

Фиго во авионот на патот кон Мадрид плачел затоа што верувал дека Лоренцо Санц повторно ќе биде избран за претседател на клубот.

– Фиго е тој кој ја заеб… екипата. Најдобар беше Зидан, нема дилеми. Фиго беше ку…вин син, баш како и Раул. Тие двајцата беа најлоши за тимот – ги омаловажува Перез во една од снимките.

Претходно Перез ги навредуваше и Роналдо и Жозе Мурињо за кого смета дека не бил нормален човек

Извор: 24sata.hr

фото: Marca.com

 

 

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1