ММС

Објавено на: 07/16/21 7:25 AM

Булеварите станаа тесно грло, сообраќајниот метеж во Скопје се поголем

ЦУКС известува дека во овие утрински часови поголем број возила се  забележуваат долж булеварите „ Гоце Делчев“ во двете насоки, „ Александар Македонски“ кон клучката Континентал, „ Киро Глигоров“ во двете насоки, -улицата „Свети Кирил и Методиј“ кон булеварот „Водњанска“, булеварот „ Кузман Јосифовски Питу“ кон Центар.

Центарот известува дека автобускиот сообраќај на сите улици и булевари се одвива непречено и без застој, а велосипедските патеки се чисти и проодни.

Доколку не сакате да задоцните на работа и уште наутро да се напуните со негативна енергија, користете ги алтернативните улици и превози.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1