ММС

Објавено на: 07/16/21 7:15 AM

Времето никако да се стабилизира- Доаѓа невреме со пороен дожд, грмежи, град и ветер

Денес попладне ќе се спасиме од пеколните горештини, но, пак, ќе дојде друго невреме. Најавите од УХМР се дека од денес до пладне времето ќе биде сончево и топло, но попладне, претежно во северните делови,  ќе има пороен дожд, грмежи и ветер.  Максималната температурата ќе достигне до 38 степени. УВ индексот ќе биде 9.

Поројните дождови  ќе траат до вторник,  според УХМР, се очекува облачно време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На некои места се очекуваат поинтензивни врнења со пороен дожд, чести електрични празнења, силен ветер, од над 60 километри на час и услови за појава на град. Од утре ќе опаднат и температурите.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1