ММС

Објавено на: 07/15/21 10:28 PM

(ВИДЕО) Како Меси израдува дедо од 100 години, а внук му ги брише солзите

Стотичногодишен Аргентинецот Хернан има посебна тетратка во која ги бележи сите постигнати голови во кариерата на најдобриот светски фудбалер Лео Меси.

Приказната за Дон Хернан, која минатата година ја објави на Твитер неговиот внук Хулијан, ја обиколи Аргентина и кога конечно стигна до Меси, тој реши да му се обрати на својот голем обожавател.

Неговата реакција кога неговиот внук му покажа видео порака од најдобриот играч на светот е непроценлива.

Меси во својата кариера досега има постигнато 748 голови, а Дон Хернан го забележал секој од нив.

Во своите белешки, тој го запишувал датумот, имињата на клубовите или репрезентациите против кои играа Аргентина или Барселона и минутата во која Меси постигнал гол на сите натпревари на кои играше.

 

Извор: Новости.рс


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1