ММС

Објавено на: 07/15/21 9:15 PM

Притвор за 69-годишниот тетовец кај кого полицијата пронајде дрога

По вчерашното приведување на 69-годишник во тетовско Доброште во чиј дом беше најдена дрога, денеска судија во претходна постапка му одреди мерка притвор во времетраење од 30 дена.

– При претрес со судска наредба, извршен вчера од 19.00 до 21.00 часот, во домот и помошните простории на Ќ.Е. (69) во Доброште, биле пронајдени и одземени кокаин, марихуана, таблети екстази и дигитална вага. Тој беше приведен и задржан во Полициската станица Тетово за документирање на случајот, по што денеска со соодветен поднесок, по член 215 од Кривичниот законик беше изведен пред судија на претходна постапка во Основниот суд Тетово, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

По одредувањето на притворот, осомничениот е спроведен во Казнено поправната установа Скопје.

МИА


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1