ММС

Објавено на: 07/15/21 6:18 PM

Сода бикарбоната прави чуда, но никако не ја користете за чистење на некои предмети

Сода бикарбоната е неопходен дел од секоја кујна, поради различните начини на употреба. Освен што се додава во јадења, особено колачи за подигање на тестото, содата ја користат и многу домаќинки за чистење.

Во комбинација со јаболков оцет, речиси и да нема површина што нема да се исчисти како што очекувате. Сепак, не користете сода за чистење на овие предмети.

Бидете внимателни кога користите сода бикарбона за чистење на алуминиумски предмети. Ако не сте сигурни дека можете да го направите тоа навистина брзо, без да го оставите во контакт со алуминиумскиот предмет премногу долго, избегнувајте ваков вид чистење.

Веднаш по триење на алуминиумскиот предмет со сода бикарбона, исплакнете го со вода. Во спротивно, ќе ја смени бојата кога е во контакт со сода.

Доколку имате античко сребро, избегнувајте чистење со сода бикарбона, за да не го оштетите.

Извор: Espreso.co.rs


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1