ММС

Објавено на: 07/15/21 6:02 PM

Ладен оброк среде жега – Зоолошката градина Скопје ги освежи своите жители

Во летните жешки денови тешко се преживува. Но исто така поееднакво тешко и жешко е и за жителите на скопската Зоолошка градина. Таму пак вработените добро се погрижиле во текот на летните денови да бидат соодветно третирани сите жители со храна која ќе ги разлади.

Утре во рамките на Зоолошката градина Скопје ќе биде отворено надворешното живеалиште за пингвините, но овој пат ќе биде од затворен тип бидејќи на самите пингвите потребен им е период на адаптација.

„Зоо Скопје за првпат во своето постоење од 1926 година е дом на пингвини. Вкупно имаме девет пингвини, од кои три пристигнаа од Италија, а шест од Русија. По карантинскиот престој и адаптација, за првпат ќе бидат пуштени во надворешното живеалиште кое е градено по светски стандарди и со идеални услови за овој вид на јужноамерикански пингвини“, велат од Зоо Скопје.

По периодот на адаптација ќе отвореното живеалиште на Зоолошката ќе биде достапно и за посетителите.

Во продолжение погледнете како се разладуваат животните во Зоолошката градина.

Фотографија: Преземено од Фејсбук профилот на Зоолошка гардина Скопје


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1