ММС

Објавено на: 07/15/21 4:33 PM

Тетовец си изградил две куќи на Попова Шапка на државно земјиште

СВР Тетово поднесе кривична пријава против И.З.(51) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „узурпација на недвижности“ и „бесправно градење“, информираат од МВР.

На 18.05.2021 полициски службеници од Полициското одделение Попова Шапка, постапувајќи по претходна пријава, во викенд населба на Попова Шапка констатирале дека пријавениот, во својство на инвеститор, во текот на 2020, на катастарска парцела на земјиште сопственост на Република Северна Македонија, без да поседува соодветна дозвола, изградил две викенд куќи, со што узурпирал државно земјиште со површина од 243 м2.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1