ММС

Објавено на: 07/15/21 4:12 PM

Сообраќајот до граничен премин Делчево во застој

Во моментов сообраќајот на патот Делчево – Ѕвегор – Граничен премин е во застој, поради интервенција на запалено возило на Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) од Делчево.

Според информациите на жители на селото запалено е комби возило, по што е повикана екипа на ТППЕ Делчево.

-Веднаш по опожарувањето на возилото повикана е екипа на ТППЕ Делчево, која во моментот врши гаснење на истото, истакнаа жители на селото.

Настанот е пријавен во полиција од каде го потврдија случајот, а со повеќе детали околу причината за опожарувањето ќе излезат во текот на денот.

МИА


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1