ММС

Објавено на: 07/15/21 3:55 PM

Турција ја санира сириската православна црква во сирискиот град Рас ал Ајн

Турските вооружени сили ја санираа и одржуваа сириската Православна црква „Мар Тума“ (Свети Тома), којашто се наоѓа во североисточниот сириски град Рас ал Ајн, јавува Агенција Анадолија (АА).

Министерството за национална одбрана на Турција соопшти дека Вооружените сили, „кои од првиот ден [на операцијата „Извор на мирот“ во Сирија] придадоа големо значење на одржувањето и поправката на верските објекти во регионот расчистен од терористите во рамките на операцијата „Извор на мирот“, исто така извршија и одржување и поправка на сириската Православна црква „Мар Тума“ во центарот на градот Рас ал Ајн.“

Турското Министерство сподели и неколку фотографии на кои се гледа како војниците работат на последните детали од санацијата на црквата, поставувајќи светилки.

Турција ја започна операцијата „Извор на мирот“ во 2019 година во северна Сирија, преку својата граница, со цел да спречи формирање терористички коридор и да овозможи безбедно враќање на сириските бегалци во своите домови.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1