ММС

Објавено на: 07/15/21 3:26 PM

Продолжено време и работа во викенд за да се одговори на барањата на граѓаните за нови лични документи

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска го посети Одделението за управни работи-Скопје, при Одделот за граѓански работи, кое периодов работи со продолжено работно време, вклучително и во текот на викендите, со единствена цел, граѓаните кои имаат потреба од издавање на нови лични документи да можат навремено да си го остварат своето право, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Имено, од петти јули, по успешно спроведената завршна фаза на миграција на податоците на новиот, надграден систем, стартуваше издавањето на новите патни исправи и возачки дозволи, усогласени со Уставот, во делот на новото уставно име на државата, во кои се имплементирани и одредбите од Законот за јазици на Република Северна Македонија

Личните документи со името Република Македонија ќе важат до истекот на рокот на важење кој е наведен во документот, а најдоцна до 12 февруари 2024 година.

-Како што информираа од Одделението за управни работи, овој период секоја година, со исклучок на минатата, е зголемен интересот на граѓаните за добивање на документи, а оваа година, по олабавување на мерките против пандемијата, интересот е енормно зголемен, бидејќи граѓаните во претходниот период не ги обновувале документите, поради затворените граници како последица од Ковид кризата. Така, само во јуни биле издадени околу 42.000 патни исправи, околу 20.000 лични карти и околу 10.000 возачки дозволи, додека во периодот од 05.07.2021 до 14.07.2021, примени се вкупно 41.864 барања за лични документи, имајќи предвид дека дневно во последниве три месеци се регистрираат по околу 3000 телефонски и 1000 електронски закажувања за лични документи. Обрасци од сите лични документи има во доволен број, а издавањето на готовите документи продолжува со несмален интензитет за да им се излезе во пресрет на граѓаните, се вели во соопштението на МВР.

 

 

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1