ММС

Објавено на: 07/15/21 1:58 PM

(Видео) Невреме какво што Германија не памети – Над 30 жртви, а 70 се водат за исчезнати

Невремето ја зафати Западна Германија, а поради обилните дождови и поплави, шест куќи се урнаа. Бројот на исчезнати и повредени расте од час во час. Најпогодени се провинциите Северна Рајна-Вестфалија и Рајнска област-Пфалц, каде наврнаа 148 литри дожд на метар квадратен.

 

Според последните податоци, најмалку 33 лица загинаа, а 70 се водат како исчезнати поради поплавите што ја погодија Германија по силното невреме ноќта меѓу средата и четвртокот, објави Би-Би-Си.

Најпогодени се провинциите Северна Рајна-Вестфалија и Рајнска област-Пфалц, каде наврнаа 148 литри дожд на метар квадратен, пренесува Билд.

Извор: Курир.рс


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1