ММС

Објавено на: 07/15/21 9:28 AM

Фосил на риба стар 95 милиони години пронајден во Мексико

Во Мексико е откриен фосил на досега непознат вид риба, за кој се проценува дека датира од пред 95 милиони години, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Се проценува дека рибата, чиј фосил е пронајден во каменолом во мексиканската држава Чијапас на југоистокот на земјата, живеела на американскиот континент во ист период со диносаурусите.

Наведувајќи дека пронајдениот фосил ѝ припаѓа на вид риба од американското подрачје, истражувачите изјавија: „Пронајдениот фосил е риба со многу боцки на грбните и аналните перки. Станува збор за досега неидентификуван вид риба кој живеел пред околу 95 милиони години, т.е. од истиот период како и диносаурусите.“

Клејтон Магно Канталис, палеоеколог од Националниот автономен универзитет во Мексико, истакнувајќи дека овој вид, кој го нарекоа Choichix alvaradoi, е нов вид риба за светот, појасни: „Само едно животно има таква структура. Пронајдовме дел од коскениот кафез на оваа извонредна риба која изгледа чудно, во кој се наоѓа црниот дроб.“

Забележувајќи дека потеклото на пронајдениот вид е Мексико, Канталис рече: „Претходно се веруваше дека рибите доаѓале од Европа и мигрирале во овој регион на Америка. Сепак, сега гледаме дека најстарите и најпримитивни риби се во овој регион.“


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1