ММС

Објавено на: 07/15/21 8:46 AM

Ди Каприо и Ријана купиле карти за пат во вселената уште во 2013 година – Кои славни ѕвезди први ќе ја напуштат планетата Земја

Карти во вредност до 250.000 американски долари резервирале отприлика околу 600 луѓе од 58 земји, а на листата се наоѓаат ѕвезди како Том Хенкс, Кети Пери, Џастин Бибер и Леонардо ди Каприо.

Ричард Брансон (70) беше првиот милијардер кој замина во вселената, а најбогатиот човек на светот, Џеф Безос (57) чека на 20 јули ќе полета во ракетата на својата компанија „Блу Ориџин“. Зад нив е долга листа на богаташи кои сакаат да бидат меѓу првите вселенски туристи.

На тој список се наоѓаат Леонардо ди Каприо, Том Хекнс, Бред Пит, Анџелина Џоли, Лејди Гага, Ештон Качер…. Нивните мотиви се различни, некои тоа го сакаат затоа што можат да си го дозволат, додека на другите патот кон ѕвездите им бил сон од детството.

Пејачката Ријана (33) наводно била опседната со вселената и затоа уште во 2013 година резервирала карта за вселенско патување. Иако во 2013 година вселената за туристи беше само далена приказна, токму таа година и актерот Ди Каприо (46) ја резервирал својата карта.

Џастин Бибер (27) неодамна изјави дека би сакал да сними видеоспот во вселената, актерот Том Хенкс кој има снимано неколку филмови за мисиите на НАСА, е меѓу првите на списокот, а неговиот колега Ештон Кучер (43) ќе патува заедно со својата сопруга Мила Кунис (37).

Пејачката Кети Пери (36) добила билет на подарок за нејзиниот 35. Роденден од бившиот сопруг Расел Бренд, но не е познато дали таа му купила билет на нејзиниот нов партнер Орландо Блум.

Актерката Кејт Винслет ќе патува со цело семејство благодарение на нејзиниот сопруг Едвард Абел Смит кој му е внук на милијардерот Ричард Брансон.

 

 

 

 

 

извор: 24sata.hr

фото: Facebook, wikipedia, today.com, 24sata.hr


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1