ММС

Објавено на: 07/15/21 8:00 AM

(Видео) Хаос во Германија! Невидени поплави, починати и срушени куќи

Невремето ја зафати Западна Германија, а поради обилните дождови и поплави, шест куќи се урнаа.
Околу 50 лица се водат како исчезнати.


Портпаролот на полицијата во Кобленц потврди дека според претходните податоци четири лица го загубиле животот под засега неидентификувани околности. Нивните тела биле пронајдени на различни места.


Други 25 куќи  се под ризик дека ќе се срушат, јави телевизијата СВР повикувајќи се на локалната полиција, а пренесува Билд.
Многу граѓани се искачиле на покривот на своите куќи чекајќи спасувачките екипи да стигнат до нив со брод.


Извор: b92.net


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1