ММС

Објавено на: 07/14/21 10:07 PM

Брз летен ручек: Рижото со босилек

Нема повкусно и поедноставно јадење од рижото. Кога не ви се готви, запомнете дека со две раце ориз и што и да најдете во фрижидер за половина час, можете да направите мала гозба.

Состојки:

листови од свеж босилек

4 чешниња лук

Една рака ореви или други јаткасти плодови

главица кромид

2 лажици маслиново масло

1 лажица рендан пармезан

1 лажица масло

100 гр.путер

една ипол чаша ориз

една ипол чаша бело вино

700 мл супа

Подготовка:

Во блендер ставете босилек, лук, ореви, рендан пармезан и лажица масло, а потоа изблендирајте за да добиете кремаста смеса. На мешавина од путер и маслиново масло, пропржете ситно сецкан кромид, додадете ориз и мешајте. Додадете вино и мешајте додека оризот не ја впие течноста. Постепено додавајте супа и повремено мешајте го рижото околу 20 минути. Намалете ја топлината, додадете ја смесата со босилек, па промешајте уште две минути и тргнете ја од оган. Ако рижото е суво, додадете малку повеќе супа пред сервирање и добро измешајте.

Извор: Recepti.zena.blic.rs


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1