ММС

Објавено на: 07/14/21 8:31 PM

Концертот на Цеца на „Ушче“ е деветти најпосетен концерт во светот

На топ-листата на најпосетени светски концерти за кои се продавале билети се најде и Светлана Цеца Ражнатовиќ, која според податоците на англиската Википедија го зазеде деветтото место поради големиот број на публика која присуствуваше на нејзиниот концерт одржан на Ушче во Белград во 2013 година.

– Со години сум среќна поради моите одлични концерти и горда на мојата публика затоа што напишавме историја кога станува збор за Балканот! Тоа е мојот мотив за нови концерти, нови желби … Секако, убаво е кога сте во такво друштво, на таква топ листа и особено кога сте придружувани од светски ѕвезди на таква листа. Како што знаеме, историјата ја пишуваат победниците, и верувам дека во следниот период, јас и мојата публика ќе го срушиме овој рекорд на Ушче 3 – рекла Цеца.

Извор: Курир.рс


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1