ММС

Објавено на: 07/14/21 5:06 PM

Издржете уште утре – Доаѓа дожд и пад на температурите

Утре не очекува сончево и многу топло време со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен јужен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 22, а максималната ќе достигне од 32 до 39 степени. УВ=9

Во Скопје, претежно сончево и многу топло со слаб ветер од јужен правец и со мала облачност.  Минималната температура ќе се спушти до 21, а максималната ќе достигне до 39 степени.

До петок ќе преовладува сончево и многу топло време. Во петок кон крајот на денот ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи, а за време на викендот и во почетокот на идната седмица ќе има почеста појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме. Температурата од петок ќе биде во постепено опаѓање.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1