ММС

Објавено на: 07/14/21 4:42 PM

Почина инфлуенсерка откако сакала да направи селфи над водопад

Инфлуенсека од Хонг Конг, Софија Ченг (32) почина обидувајќи се да направи совршено селфи, а бројни следбеници сега се збогуваат со неа на нејзиниот профил на Инстаграм.

Според странските медиуми, Софија била во паркот Ха Пак Лаи во Хонг Конг со тројца пријатели кога настрадала. Несреќата се случила во саботата, додека Ченг се обидувала да направи совршена фотографија над водопадот во близина на „Pineapple Mountain“ и во еден момент таа се лизнала.

Изгубила рамнотежа и паднала во бездна длабока пет метри. Наскоро пристигнала брза помош, повикана од нејзините пријатели и тие ја однеле Софија во болница во Хонг Конг. Лекарите можеле да прогласат само смрт затоа што по падот немало спас за неа.

Инфлуенсерката била позната по фотографиите кои често ги правелс на високи и опасни карпи, па нејзиниот Инстаграм бил преплавен со вакви објави.

– Животот треба да биде забавен, а не глупав – пишува во описот на нејзиниот профил на социјалната мрежа. Софија на Инстаграм ја следеле повеќе од 9000 луѓе, а она што е бизарно е што по нејзината смрт ја следеле уште 1.400 луѓе, па сега таа има 10.400 следбеници.

Ченг не е првата личност што умрела на тоа место. Во јануари минатата година настрадала жена која исто така се обидувала да направи селфи над тој водопад.

Извор: Телеграф.рс


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1