ММС

Објавено на: 07/14/21 4:16 PM

Голем шумски пожар беснее во село Белица, бродско – постои можност од проширување

Од вчера попладне активен е голем шумски пожар над село Белица бродско. Од огнената стихија зафатена е борова шума и поради тешко пристапниот терен, постои опасност од негово проширување.

– Веќе втор ден над село Белица бродско беснее голем шуски пожар. Опожарена е површина  обрасната со борова шума и поради тешко пристапниот терен е, речиси невозможно да се интервенира од земја. Причината за овој пожар се уште не е утврдена, но се работи за човечки фактор или гром кој го поттикнал овој пожар, рече Живко Силјаноски, градоначалник на Општина Македонски брод, најавувајќи скорешна интервенција на пожарот со авионите од Дирекцијата за заштита и спасување.

-Поради тешко пристапниот терен и големата одалеченост, невозможно е од земја да се интервенира на овој пожар. Затоа стапивме во контакт со Дирекцијата за заштита и спасување , тие да интервенираат од воздух со авионите со кои располагаат за гасење на пожари на тешко пристапни терени, додава градоначалникот.

МИА


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1