ММС

Објавено на: 07/14/21 3:53 PM

Во Тајван во два часа регистрирани 22 земјотреси

Во градот Хуалиен кој се наоѓа во источниот дел на Тајван, се регистрирани 22 земјотреси, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Властите соопштија дека овие земјотреси се случиле во рок од два часа и дека потресите предизвикале штета во некои згради.

Се истакнува дека првиот потрес бил со јачина од 5,2 степени и се случил на длабочина од 5,9 километри.

Според соопштеното, останатите потреси биле со јачина од 3 до 5 степени.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1