ММС

Објавено на: 07/14/21 3:19 PM

Тинејџер од Штип во Велес со остар предмет ја нападнал невенчаната сопруга

Од полициски службеници од СВР Велес вчера бил лишен од слобода 18 годишниот  Е.А. од Штип, бидејќи околу 16.30 чaсот на улица „Нада Бутникошарева” во Велес, физички ја нападнал својата невенчана седумнаесет годишна сопруга, исто така од Штип, при што со остар предмет ѝ нанел повреди. Таа била пренесена во болницата во Велес за укажување на лекарска помош.

Како што информира портпаролот Верољуб Додевски, по овластување на Јавен обвинител бил извршен увид од страна на увидна екипа од СВР Велес.

-По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, најави Додевски.

 

МИА

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1