ММС

Објавено на: 07/14/21 2:56 PM

Судскиот совет разреши тројца судии поради нестручно и несовесно работење

Судскиот совет на својата 378 седница разреши тројца судии поради нестручно и несовесно вршење на судиската функција и тие се времено оддалечени од вршење на судиската функција, наведуваат во денешното соопштение од Судскиот совет на РСМ.

– Судскиот совет донесе и одлуки за престанок на судии поротници: во Основниот суд Свети Николе: Стојка Пешевска, Момчило Нацевски, Сузана Дерменџиева и Владимир Тосев, поради истек на мандатот; Основен суд Радовиш: Убавка Петкова, по сопствено барање и Александра Тодорова, поради истек на мандатот; a во Основен кривичен суд Скопје: Митко Сандев и Зенел Елези, поради навршени 60 години возраст, информираат од Судскиот совет.

Донесени се одлуки за избор на судии поротници во: Основен суд Свети Николе: Стојка Пешевска, Методи Величков, Олгица Стојкова и Кирче Костов и Основен кривичен суд Скопје: Саше Митрев, Снежана Јовановска, Ивона Јакомовска, Мирјана Костадиновска, Даниела Каевска и Јордан Миленов.

Од Судскиот совет информираат дека се разгледани и усвоени се извештаите на судовите во Република Северна Македонија, за првото тромесечие за 2021 година, а постапиле и по  барање за повторување на постапка и формирал комисија. Исто така разгледано е  позитивно мислење од Врховниот суд на РСМ во врска со Методологијата  со индикатори за утврдување на сложеноста на предметите.

– Судскиот совет расправаше по извештаите на комисиите на известители по поднесените барања за поведување на постапка за утврдување на одговорност на судија/претседател на суд и: По 1(едно) барање ја запре постапката за утврдување на одговорност на судија/претседател на суд; По 1(едно) барање разрешени се 2(двајца) судии  поради нестручно и несовесно вршење на судиската функција и времено се одалечени од вршење на судиската функција и по 1(едно) барање разрешен е 1(еден) судија поради нестручно и несовесно вршење на судиската функција и времено е одалечен од вршење на судиската функција, се наведува во соопштението од Судскиот совет.

Од таму додаваат и дека се формирани комисии на известители по поднесените барања за поведување на постапка за утврдување на одговорност на судија/претседател на суд. За вршител на должноста претседател на Управен суд е определена  Ељмедине Асани, судија на Управниот суд.

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1