ММС

Објавено на: 07/14/21 2:07 PM

Меси и Барселона пред договор, Аргентинецот останува на „Камп Ноу“

Еден од најдобрите фудбалери во историјата на играта и играчот кој пред неколку денови како слободен играч за првпат со Аргентина ја освои Копа Америка, Лионел Меси, конечно ќе стави потпис на нов договор со Барселона, јавуваат шпанските и каталонските медиуми.

Договорот на Меси ќе биде петгодишен, но само во следните две сезони Меси би играл активно фудбал на „Камп Ноу“, а во преостанатиот период би бил клупски амбасадор во МЛС лигата во САД.

Клаузулата на аргентинскиот напаѓач, според договрените услови, сега нема да изнесува 700 милиони евра, додека пак платата што ја заработуваше во матичниот клуб ќе биде скратена со негова согласност на 50 отсто, со оглед на тешката финансика ситуација во која се наоѓа тимот од Блауграна.

Финалниот договор помеѓу претседателот на Барселона, Хоан Лапорта и Лео Меси, наводно „паднал“ во понеделникот, а официјализирањето се очекува до крајот на оваа недела.

 

 

Фото:

Twitter


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1