ММС

Објавено на: 07/14/21 1:17 PM

Семејните прослави го искачија Тетово на врвот по број на заразени со корона

Тетовскиот регион повторно на врвот по број на заразени со ковид-19. Изворите на зараза се од семејна прослава како и свадба. Опасноста од ширење на заразата е голема, затоа е потребно да се престане со праксата да се кријат контактите, апелираат здравствените работници.

За само една недела во тетовско се заразија над педесетина лица или над 80 % од активните случаи се новозаразени, претежно од двата кластери – семејниот и тој од свадба. Главната причина е непочитувањето на мерките и протоколите кои ги има и се уште се на сила и за прославите

Граѓаните велат дека се е до нив, како тетовци да заборавија на вирусот, а со тоа и на мерките и протоколите.

Опасноста од ширењето на заразата е се уште голема. Од Центарот за јавно здравје апелираат граѓаните да покажат одговорност и да ги почитуваат протоколите

За само една недела во тетовско се евидентирани над 50 случаи со ковид-19.

 

Зоран Димовски


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1