ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 07/14/21 1:13 PM

Обединетите Арапски Емирати отворија своја Амбасада во Израел

Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) денеска ја отворија својата Амбасада во Израел во присуство на израелскиот претседател Исак Херцог, јавува Агенција Анадолија (АА).

Амбасадорот на ОАЕ во Израел, Мохамед ал Каја и израелскиот претседател ја пресекоа лентата на свеченото отворање на Амбасадата.

„Оваа Амбасада не само што ќе биде резиденција на дипломати, туку и основа за нашата мисија да градиме односи меѓу нас и да ги зајакнеме партнерството и дијалогот“, рече Ал Каја во говорот за време на церемонијата.

Израелскиот претседател Херцог изјави: „Да се види знамето на ОАЕ во Тел Авив беше далечен сон пред само една година, а сега изгледа нормално.“

„Невозможното го направивме можно“, додаде тој.

Херцог наглси дека отворањето на Амбасадата на ОАЕ е важен чекор за целиот Блиски Исток, не само за односите помеѓу Израел и Емиратите.

Минатиот месец, израелскиот министер за надворешни работи, Јаир Лапид, ги отвори Амбасадата и Конзулатот на Израел во ОАЕ.

Во септември 2020 година, ОАЕ и Израел потпишаа договор под покровителство на САД за нормализирање на меѓусебните односи. Оттогаш, двете земји потпишаа десетици билатерални договори во различни области, меѓу кои инвестицискиот сектор, банкарството и туризмот.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1