ММС

Објавено на: 07/14/21 1:02 PM

Вакцинален сертификат за влез на журка на затворено – Можни рестриктивни мерки од есен

Министерот за здравство д-р Венко Филипче на утринската средба со новинарите  на Клиниката за кардиологија  рече дека  вакцинацијата се спроведува во сите вакцинални пунктови низ целата држава и дека се одвива и без закажан термин. Освен за вакцинацијата тој се осврна и на можните рестриктивни  мерки, доколку по завршување на летото се појави нов бран на заразени.

-Доколку наесен опфатот на вакцинирани граѓани не е доволно голем, ќе се воведат нови мерки, како што е  вакцинален сертификат, што ќе биде задолжителен за влез на настани на затворено, како и за организирање масовни настани. Важноста на имунизација на населението е клучна за справување со пандемијата, затоа е важно граѓаните што поскоро да го сторат тоа, рече тој.

Во врска со теренската вакцинација тој рече дека изминатите три дена откако е започната теренската вакцинација, досега се вакцинирани околу 30%, а теренската вакцинација ќе продолжи и во следниот период. Досега се вакцинирани околу 400.000 граѓани, а ревакцинирани се 250.000 граѓани.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1