ММС

Објавено на: 07/14/21 12:44 PM

Нашето пријателство не зависи од едно досие, рече турскиот амбасадор Хасан Мехмет Секизќок за соработката меѓу Македонија и Турција, по повод Денот на демократијата и националното единство

По повод 15 јули – Денот на демократијата и националното единство на Турција, турскиот амбасадор во Скопје, Хасан Мехмет Секизќок одржа прес-конференција, на која пред новинарите беа посочени одредени ин формации, како што  се депортирањата и екстрадицијата на осомничени, кои се еповрзани со движењето на Фетулах Ѓулен и инсталацијата на ФЕТО во земјава.

Тој рече дека Турција очекува од нашата држава да и бидат испорачани 86 турски државјани, кои се осомничени за поврзани со Фетулах Ѓулен, кој се смета за организатор на обидот за државен удар во земјата пред пет години.

–Вкупно за 86 лица се бараат за депортирање од земјата, од кои за 20  се бара екстрадиција. Засега не е преземен никаков чекор, рече амбасадорот, Хасан Мехмет Секизќок.

Движењето на Ѓулен, Турција го нарекува „Фетулахистичка терористичката организација“ – ФЕТО и дека е еден од основните приоритети  е оневозможување на дејствувањето во земјата и во странство.  Тука спаѓа и САД, која досега не ги исполнила барањата на Турција за екстрадиција на членови на ФЕТО. Но, нагласи тој, бегањето од правдата не може да биде трајно.

– И во Македонија, структурите на ФЕТО продолжуваат да бидат присутни, а се затскриени зад превези како образовни институции и трговски друштва.  Ние до надлежните ги пренесуваме нашите барања за оневозможување за дејствување на структурите на ФЕТО и депортирање на лицата поврзани со ФЕТО, а тоа ќе претствуваат конкретни чекори од аспект на билатералната соработка во насока на борбата против тероризмот, рече амбасадорот Секизќок.

Но и покрај тоа амбасадорот рече дека односите и соработката меѓу нашата земја и Турција е изградена на цврсти темели и дека секако не зависат од само едно досие.

–Досиејата за лицата кои ние ги бараме се испратени и барањето за нивно  екстрадицирање и депортирање ќе продолжи. И ова важи за сите држави не само за Македонија, , рече меѓу другото амбасадорот Секизќок.

На крајот беше прашан и за спорот  меѓу Скопје и  Софија, на што тој рече дека не може да коментира на таа тема бидејќи е „надвор од неговите надлежности“.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1