ММС

Објавено на: 07/14/21 12:37 PM

Маж од Тетово се обидел да ја силува сосетката

Во текот на ноќта тетовската полиција привела жител на тетовско село откако бил пријавен дека се обидел да изврши обљуба врз сосетка.

-Ноќеска околу 3.10 часот, полициски службеници на СВР Тетово лишиле од слобода 56-годишен жител на тетовско село, кој бил пријавен дека околу 19 часот се обидел да изврши обљуба над 30-годишната сосетка, информира портпаролот Марјан Јосифоски.

Педесет и шестгодишникот потоа бил задржан во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот.

 

МИА


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1