ММС

Објавено на: 07/14/21 12:50 PM

Полицијата тресеше во прилепско – Пронајде оружје во семеен дом

Полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи од ОВР Прилеп, по добиена судска наредба извршиле претрес во дом и други простории во село Житоше кај И.А.(43), при што се пронајдени и одземени еден пиштол „Роси“ калибар 22 милиметри, пет куршуми 22 милиметри, 12 куршуми калибар 7,62 х 25 милиметри, еден сигнален пиштол и една рамка за пиштол „црвена застава“ М-57, за кои не поседувал дозвола.

Од МВР информираа дека по документирање на случајот против И.А. ќе биде поднесена кривична пријава за  „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материјали” по чл.396 од Кривичниот законик.

 

 

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1