ММС

Објавено на: 07/14/21 11:02 AM

(ВИДЕО) Кровно зеленило, информативни табли, машини за продажба на карти – БРТ постојки по сите европски и светски стандарди

БРТ системот не само што претставува современ сообраќаен систем кој на повеќе нивоа има позитивен ефект врз животната средина, истовремено е еден од најпрактичните еколошки алтернативи за јавен транспорт кој ќе придонесе за непречено и навремено движење на патниците.

„Самите автобуски БРТ постојки ќе бидат направени по сите европски и светски стандарди со вклучено внатрешно – кровно зеленило, автоматизирани врати за влез во постојката, влез дозволен само за патниците, инкорпорирани трафики во објектот, клупи, информативни табли, банкомати, машини за продажба на карти итн., се со цел на скопјани да им се обезбеди јавен транспорт каков што заслужуваат“, стои во објавата на Фејсбук на скопскиот градоначалник Шилегов.

На патот кон трансформација на Скопје во модерен и чист европски град огромна улога ќе одигра и воведувањето на БРТ системот како современо сообраќајно решение.

За разлика од стандардните дизел автобуси кои значително влијаат на аерозагадувањето во Скопје, БРТ системот користи хибридни автобуси кои комбинираат електрична енергија и компримиран природен гас, во склад со последните европски стандарди.

Дополнително, со воведувањето на две линии со коридори резервирани само за БРТ автобусите, директно ќе се намали и сообраќајниот метеж, а честата фреквенција на БРТ автобуси на секои 3-4 минути значи и дека патниците ќе можат да стигнат од едниот до другиот крај на градот за само 35, наспроти сегашните 70 минути.

БРТ проектот се реализира во соработка со ЕБРД и е еден од клучните проекти кои се дел од Акцискиот план за зелен град.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1