ММС

Објавено на: 07/14/21 12:05 PM

Не полевајте и наводнувајте без потреба, штедете ја водата, апелираат од ЈП „Водовод и канализација – Скопје“

Свеста за штедењето на водата за пиење кај нас е многу ниска, а податоците покажуваат дека граѓаните во летните месеци ја зголемуваат потрошувачката на водата за пиење, во рационални но и не рационални цели.

Од скопското јавно приетпријатие „Водовод и канализација“ постојано во летните периоди апелираат за нејзино внимателно користење, и да се избегнува непотребно трошење на водата за полевање и наводнување.

„Врз основа на податоците од страна на Управата за хидрометеоролошки работи за високите температури кои деновиве достигнуваат и над 40°C, како и подaтoците на ЈП Водовод и канализација – Скопје за зголемената потрошувачка на водата која дневно надминува 300.000 м3, претпријатието апелира до граѓаните на градот Скопје за рационално користење и употреба на водата, односно да се избегнува полевање на поголеми површини и непотребно трошење на водата за време на топлите денови“, апелираат од водовод.

Во сторијата која ја посветивме на нерационалното користење на питкната вода во индустриски потреби, професорот од Земјоделскиот факултет, Ордан Чукалив посочува примери со користење на водата од јавен водовод за индустриски цели во Калифорнија. Ова е земјата која се соочува со хроничен недостаток на вода  и земја каде постојано се водат кампањи за нејзината заштеда.

За да се влијае на штедењето на питката вода и нејзино нерационално користење, Чукалиев смета дека основен двигател за тоа е цената, но исто така штета може да претрпат семејните буџети на оние чии приходи не можат тоа да си го дозволат. Тој го посочи примерот со Калифорнија која има хроничен недостаток на вода, па токму затоа таму се воведуваат строги рестрикции со цел да се штеди на питката вода.

„Дури се преземаат на мерки кои ќе ви личат на смешни и чудни, но се преземаат. На чешмите се вградуваат уреди кои го спречуваат искапувањето, казанчињата за тоалет се задолжителни да имаат и помала количина на вода од онаа стандардно што ја користиме ние, туширањето мора да се изведува со специјални дисперзери – рачки за туширање, кои што имаат многу мали дупчиња и кои даваат помала количина на вода. До таму се оди за штедење на водата, а да не зборуваме за наводнување. Ако се има потреба од наводнување, ќе треба вода да обезбедат од некој систем за наводнување доколку постои или во својот двор да стави пластична трева, тука не постојат дискусии дека некој може да си дозволи ресурост кој е во критична состојба и го нема за сите, некој да го злоупотреби’, вели професор Чукалиев.

Повеќе може да прочитате во сторијата „ Вашиот недостаток на базен за мене е недостаток на пиење вода во мојата чешма – Скопјани не се грижат за благодетот на питката вода“.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1