ММС

Објавено на: 07/14/21 9:50 AM

Не ја криела желбата да стане негова сопруга – Еве како Цеца го запросила Аркан

Светлана Цеца Ражнатовиќ беше во брак со Жељко Ражнатовиќ Аркан од 1995 година до крајот на неговиот живот, во 2000 година, и секогаш отворено зборуваше за нејзината љубов кон него.

– Тоа беше љубов на прв поглед, нормално. Јас страшно се плашев од него и не ми беше симпатичен. Читав многу за него и имав искривена слика за него. Кога требаше да пеам со Џеј, за Денот на гардата – раскажала своевремено пејачката.

Потоа, во едно интервју призна дека веднаш сакала да му биде сопруга.

– Се сеќавам кога го запознав, единственото нешто за кое размислував беше како би сакала да бидам сопруга на таков џентлмен, заштитник. Покрај него, секоја жена би се чувствувала најбезбедно и најсакана во светот. Поради тие феноменални моменти, само на убаво се сеќавам во тие шест години заедно. Не можам, ниту сакам да навлегувам во деталите за најстрашниот ден – рече таа.

Пејачката по пет месеци врска го прашала мажот кој често го опишува како човекот на својот живот.

– Сакаш ли да се жениш или не сакаш: , а тој потврдно и одговорил.

Се вериле на Божиќ на 7. јануари во 1995 година.

 

Извор: Еспресо.рс


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1