ММС

Објавено на: 07/14/21 8:59 AM

За поголема независност на слепите и лицата со оштетен вид: Денеска ќе биде промовиран аудиочитачот „Кико“

На терасата на Музејот на современа уметност во Скопје денеска ќе се одржи промоција на дигиталната апликација – аудиочитач, симболично наречен „Кико”, наменет за слепи лица и лица со оштетен вид.

Аудиочитачот е креиран првпат на македонски јазик, на иницијатива на Министерството за труд и социјална политика и Програмата за развој на Обединетите Нации, во партнерство со Националниот сојуз на слепи лица и ќе им овозможи на слепите лица поголема независност во сите сфери од секојдневниот живот.

На настанот ќе присуствуваат премиерот Зоран Заев, министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска, како и вицепремиерот Артан Груби, постојаната претставничка на УНДП во земјата Нарине Сахакјан и претседателот на Националниот сојуз на слепи лица, Жарко Селковски.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1