ММС

Објавено на: 07/14/21 8:53 AM

Камерите го фатија Кјелини како му фрла клетва на Сака кој промаши пенал за Англија

Само неколкумина од прва забележаа што капитенот на Италија, Џорџо Кјелини изговори додека англискиот трагичар Букајо Сака се залета да го изведе последниот пенал во финалето на Европското првенство.

„Кирикочо!“, викна Италијанецот, па секунда-две подоцна втрча во прегратките на соиграчите и на Џиџи Донарума, херојот на победата на „аѕурите„ кој на Сака му го одбрани клучниот пенал.

Зошто Кјелини го изговори баш тој збор кој со децении се слуша и по шпанските стадиони кога изведувачите тргнуваат да шутираат? Клетвата „Кирикочо“ настана по навивач на аргентинскиот клуб Естудијантес кој баш така се викал. Во времето кога тој бил редовен на тренинзите на тимот во почетокот на 80-те, тренер бил легендарниот Карлос Билардо (83).

Иако беше голем стручњак, освојувачот на Светското првенство со Аргентина од 1986 година, Билардо и тоа како бил суеверен, па според легендата, забележал дека кога и да ги гледал Кирикочо секогаш се случувало нешто лошо.

Многумина велат Естудијантес станал шампион од 1982 година и затоа што Билардо одлучил навивачот Кирикочо да ги дочекува гостинските тимови во Ла Плата, а единствен пат кога не можел тоа да го направи било против Бока, која имала обезбедување и не допуштала било кој да му пријде на тимот.

Клубот чиј претседател е сега Хуан Себастијан Верон тогаш стана шампион, а Билардо потоа ја презеде репрезентацијата на Аргентина па со Марадона го освоија Светското првенство во 1986 година.
Во Европа стигна во сезоната 1992/93 и заедно со него стигна и легендата за Кирикочо.

И денес тој збор може да се слушне кога играчите ќе се залетаат при изведување на пеналот. Зборот стана клетва, малер за различни прилики, а на Кјелини му појде од рака и тоа го призна за ЕСПН.

„Потврдувам се. Кирикочо!“.

извор: Mondo.rs

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1