ММС

Објавено на: 07/13/21 9:57 PM

Кој влегува во трка за градоначалник? Заев ги објави кандидатите на СДСМ

Премиерот Зоран Заев вечерва на прес конференција ги соопшти кандидатите за градоначалници на СДСМ.

Во трката за градоначалници од СДСМ влегуваат Перо Костадинов за Валандово, Миликије Халими за Арачиново, Благојчо Шапов за Богданци, Велимир Смилевски за Бутел, Марјан Јанев за Василево, Зоран Зимбаков за Босилово, Сашо Јанковски за Вевчани, Ивица Димитров за Виница, Роберт Пешовски за Градско, Горан Трајковски за Делчево, Лазе Петров за Демир Капија, Анго Ангов за Дојран, Борче Гиевски за Зелениково, Јордан Нацев за Карбинци, Филип Темелковски за Кисела Вода, Благојче Илиев за Конче, Томе Христоски за Крушево, Аце Велкоски за Лозово, Медат Куртовски за Маврово – Ростуше, Љубе Кузманоски за Новаци, Костадин Георгиевски за Охрид, Елизабета Зелениковска за Петровец, Славчо Пандурски за Пехчево, Драган Анастасов за Пробиштип, Живко Гошаревски за Ресен, Стојан Николов за Росоман, Жаклина Јовановска за Старо Нагоричане, Горан Стојановски за Чашка, Сашко Николов за Штип и Петре Шилегов за Градот Скопје.

Заев нагласи дека за одлуките за избор на кандидати биле клучни спроведените анкети.

-Знае јавноста дека СДСМ заедно со граганите ја креира најдобрата кадровска и програмска понуда. Кога зборуваме за најдоброто до СДСМ беа поднесени 630 кандидатури за градоначалници и 5.000 за советници. Пресудни за одлуките беа анкетите спроведени мегу граганите. Кон почетокот на следниот месец ќе објавиме уште една група, а кон крајот на августуст сите кандидати. Тогаш ке бидат затворени и листите на советниците, рече Заев и додаде:

-Јас дадов свои ставови, а ИО на СДСМ ги носеше одлуките. Секако како прв мегу еднаквите имам свое влијание и тоа сум го соопштувал многу транспаретно, рече тој.

(М.П.Н)

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1