ММС

Објавено на: 07/13/21 6:02 PM

Граѓаните на САД ќе патуваат во Северна Македонија по нови антиковид мерки

Центрите за контрола и превенција на болести на САД синоќа ги обновија препораките за патување во Северна Македонија до ниво 1, што значи дека важат стандардни мерки за безбедност при патување со вообичаена внимателност.

Како што јави дописникот на МИА од Вашингтон, центрите укажаа на ниско ниво на Ковид-19 во земјата и на понизок ризик за зараза или развој на тешка форма на болеста за оние кои се целосно вакцинирани со вакцини одобрени од Агенцијата за храна и лекови на САД..

Прес-службата на Стејт департментот соопшти дека по направена анализа за безбедноста при патување, претпазливите мерки се обновени и спуштени на ниво 1 за Северна Македонија, како и за Бермудите, Габон и Романија.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1