ММС

Објавено на: 07/13/21 4:14 PM

Пукање во Стара скопска чаршија, еден повреден

СВР Скопје поднесе кривична пријава против М.Ч.(25) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување на општа опасност“, информираат од МВР.

На 23.06.2021 околу 21.30 часот, пред угостителски објект во Стара чаршија во Скопје, по претходно вербална расправија помеѓу М.Е.Е.(30) од Турција, пријавениот, oд една страна, и оштетениот Т.Б.(29) од Турција, К.С. (22) и уште неколку лица, М.Ч. испукал од пиштол во правец кон К.С. и Т.Б., по што и М.Е.Е. испукал неколку проектили од пиштол кон Т.Б., нанесувајќи му повреди во пределот на потколеницата.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1