ММС

Објавено на: 07/13/21 12:46 PM

Реал Мадрид се засили со поранешниот играч на Партизан

Некогашниот бек-шутер на белградски Партизан, Најџел Вилијамс-Гос, од редовите на Локомотив Кубан Краснодар се пресели во шпанскиот гигант Реал Мадрид.

Дваесет и шестгодишниот Американец стави потпис на договор кој ќе го задржи во Мадрид во следните две години, објавија официјално од „кралскиот клуб“.

-Реал Мадрид постигна договор со Најџел-Вилијамс-Гос, бек-шутер од Локомотив Кубан. Играчот останува во клубот во следните две сезони, до крајот на кампањата 2022-2023, стоеше во краткото соопштение.

Изминатата сезона во Еврокупот за рускиот клуб забележа одлични бројки од 17 поени во просек по меч и 50 отсто успешност во шутевите за три поени, како и 5.2 асистенции и 2.3 украдени топки.

Професионалната кариера Вилијамс-Гос ја започнува во 2017 година во Партизан, од каде подоцна прави трансфер во Олимпијакос.

 

 

Фото:

as.com

 

 

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1