ММС

Објавено на: 07/13/21 8:19 AM

Хорор во Кина: Се срушил хотел, осуммина мртви, се бараат преживеани под рушевините

Осум луѓе загинале, а се трага уште по деветмина исчезнати под рушевините откако се срушил дел од хотел во кинескиот град Сужоу.

Делот на хотелот Сији Кајуан се урнал синоќа после пладне, а спасителите ги пребаруваат рушевините од објектот кој со 54 соби бил отворен во 2018 година.

Новинската агенција Џинхуа јави дека причините за колапсот се уште не биле познати.

 

Извор и фото: 24sata.hr


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1