ММС

Објавено на: 07/13/21 7:57 AM

Ограничување за невакцинираните, потребна е пропусница за сите настани и патувања – Нови мерки за заштита во Франција

Повеќе од 900 000 луѓе во Франција побрзаа да договорат датум за вакцинација откако претседателот предупреди дека ќе бидат воведени ограничувања за сите оние кои немаат здравствена дозвола со потврда дека биле вакцинирани или имаат негативен тест за ковид-19 .

Откривајќи обемни мерки во борбата против инфекцијата, Макрон рече дека засега вакцинацијата нема да биде задолжителна за целата јавност, но тој истакна дека ограничувањата ќе важат за оние кои не биле вакцинирани.

Претседателот рече дека здравствените работници мора да бидат вакцинирани до 15 септември или во спротивно ќе сносат последици.

Макрон рече дека здравствениот пасош, потребен за широк спектар на настани, сега ќе биде потребен многу почесто, меѓу другото, за влез во ресторани, кина и театри.

Од почетокот на август, тие ќе бидат потребни при влегување во возови, како и за понатамошни релации и авиони, што ќе биде дополнителен поттик за луѓето да се вакцинираат за време на летните одмори.

Забавувањето на стапката на вакцинација и наглиот пораст на инфекциите како резултат на многу заразната делта варијанта на вирусот, сега доминантен, ја принудија владата да ја смени стратегијата.

Извор: rs.n1info.com


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1