ММС

Објавено на: 07/13/21 6:51 AM

Започнува чистењето на линданот од малата депонија во ОХИС

Започнува чистењето на линданот од малата депонија во поранешната фабрика „ОХИС“, најавуваат од Министерството за животна средина и просторно планирање.

Малата депонија има вкупно 6,661 тони отпад од кои 1,601 тони се од HCH, 4,060 тони се загадена почва и 1.000 тони контаминиран бетон. Малата депонија со линдан во ОХИС ќе биде покриена со шатор во кој ќе се инсталираат и филтри за прочистување на воздухот, за да се озбезбеди заштита на околината при чистењето на опасната хемикалија.

Постапката за дислокација на линданот треба да се заврши во период од 12 месеци, при што овој дел од ремедијацијата на малата депонија во ОХИС е финансиран од Глобалниот еколошки фонд (GEF), Норвешка, Делегацијата на ЕУ и Владата.

Линданот од малата депонија во ОХИС ќе го чисти грчката компанија „Полиеко“. Транспортот на линданот ќе се врши преку Солунското пристаниште, а од таму со брод до Франција, до компанијата за горење на отпадот „Фос Сур Мер“. Контаминираната почва, пак, исто така ќе се носи до Солун, преку граничниот премин „Богородица“, а оттаму со брод до пристаништето во Ротердам во Холандија, каде ќе се преработи во компанијата „АТМ“.

Денеска во близина на фабриката на означувањето на почетокот на чистењето на линданот ќе бидат присутни, министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, првиот секретар на норвешката Амбасада Стефан Сандста, шефот на Канцеларијата на УНОПС , Микела Телатин, националниот координатор на проектот Сузана Андонова од Канцеларијата за ПОПс и претставникот на изведувачот Полиеко.

 

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1