ММС

Објавено на: 07/12/21 6:02 PM

Опседната со слабеење – Кејт Мидлтон на чекор до анорексија

Војвотката Кејт Мидлтон се појави на финалето на Вимблдон, а она што привлече големо внимание е нејзината тежина. Фановите се загрижени за неа и се сигурни дека Кејт стана опседната со слабеењето.

„Секој ден станува се потенка, ова воопшто не изгледа убаво“, е само еден од коментарите што може да се прочитаат на социјалните мрежи.

Таа се појави во светло розев фустан со А-линија, а ременот и го истакна исклучително тенкиот струк. Иако отсекогаш важела за витка жена, се чини дека сега отишла чекор подалеку.

Иако беше расположена, фановите се убедени дека таа не се чувствува најдобро.

„Таа е исцрпена од напорната работа и сè повеќе ги прескокнува оброците“, наведува добро информиран извор. Исто така, истиот извор наведува дека нејзиниот сопруг, принцот Вилијам, е крајно загрижен за нејзиното здравје и ја моли да се грижи повеќе за нејзината исхрана.

Извор: Стил.курир.рс


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1