ММС

Објавено на: 07/12/21 4:42 PM

Утре сончево и многу топло – Кога не очекува разладување и дожд?

Утре не очекува сончево и многу топло време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а максималната ќе достигне од 31 до 39 степени.УВ=9.

 Во Скопје, сончево и многу топло со слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе биде околу 19, а максималната ќе достигне до 37 степени.

До петок ќе преовладува стабилно и многу топло време. Во петок кон крајот на денот во источните делови ќе има изолирана појава на нестабилност, а во деновите од викендот на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Дневната температура ќе опадне за неколку степени.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1