ММС

Објавено на: 07/12/21 3:20 PM

Во Дубаи отворен најдлабокиот базен за нуркање на светот

Најдлабокиот светски базен за нуркање е отворен во Дубаи, а посетителите ќе може да се спуштат на 60 метри длабочина каде може да играат аркадни игри.

Дубаи, кој  важи за туристички и целовен центар каде температурите со месеци се многу високи, е познат по екстравагантните атракции како што се затворени скијачки патеки, големи водни паркови и највисоката зграда во светот.

Базенот кој е со големина на шест олимписки базен е потврден и во Гинисовата книга на рекорди како најдлабокиот базен за нуркање. Deep Dive Dubai наведува дека базенот е 15 метри подлабок од кој било друг базен. Нуркачите се спуштаат со звуци и осветлување.

 

Извор:    rs.n1info.com


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1