ММС

Објавено на: 07/12/21 2:35 PM

Тетово стана дива депонија, парите за сметот завршуваат на друго место

Тетово стана дива депонија. Околу контејнерите поставени речиси во секое тетовско мало има купишта отпад. Од ЈКП Тетово велат дека не можат да работаат со полн капацитет затоа што наплатата им е драстично намалено, поради пандемијата

Но, нема ниту дисциплина ниту пак редовно се собира сметот, реагираат граѓаните. Бараат решавање на проблемот со вклучување на централната власт, оти очигледно локалната нема капацитет да се справи со овој проблем.

Од Еко герила велат дека парите наменети за решавање на проблемот со сметот завршуваат на друго место, оти на терен ништо  не се работи и покрај тоа што зелената агенда на ДУИ партија која го води Тетово, вети чиста животна средина

Од ЈКП Тетово, велат дека на дневна основа во летниот период се собираат повеќе количини смет од вообичаено, а капацитетот на претпријатието е намален поради намалената наплата предизвикана од пандемијата. Најавуваат ублажување на проблемот со сметот со набавка на полуподземни контејнери, кои ќе бидат со поголем капацитет и поставени на повеќе локации низ градот.

Од Општина Тетово пак се пофалија дека ќе се набават нови камиони за собирање на отпадот како и машини за чистење на улиците.

(З.Д.)

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1