ММС

Објавено на: 07/12/21 1:43 PM

Драматичен исход на изборниот резултат во Бугарија – Води шоуменот Слави Трифонов со „Има таков народ“

Драматичен исход со изборниот резултат во Бугарија. „Има таков народ“ победи на предвремените парламентарни избори. Преброени се 98,92% од протоколите доо 13:30 часот.

Нивниот резултат е 23,91% од гласовите. Следи коалицијата ГЕРБ – УДФ со 23,69%. Третата парламентарна сила во 46. Национално собрание ќе биде БСП со резултат од 13,51 процент.  „Демократска Бугарија“ ја зазема четвртата позиција со 12,56 проценти од гласовите.
МРФ зазема 10,66% од гласовите. “Стани! Излези! “ има резултат од 5,03%.

Се очекува до четврток да станат јасни мандатите.

Извор: novini.bg


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1