ММС

Објавено на: 07/12/21 1:06 PM

Џон Мекинро: Ѓоковиќ треба да освои 25 Гренд Слем титули

Светскиот рекет број еден вчера во Лондон уште еднаш го потврди својот статус, победувајќи го Матео Беретини во финалето на Вимблдон и освојувајќи го 20-от Гренд Слем трофеј во професионалната кариера.

Сега српскиот тенисер се израмни на вечната листа по освоени титули на големите четири турнири со Рафаел Надал и Рожер Федерер, а веќе на последниот голем слем во календарската година (УС Опен), ќе има можност да осамне на листата со едни од најдобрите што некогаш играта ги видела.

Тениската легенда, Џон Мекинро, изјави дека би било големо изненадување доколку Новак Ѓоковиќ не освои 25 Гренд Слем турнири. Само Маргарет Курт, Серена Вилијамс и Штефи Граф имаат повеќе, но Мекинро очекува престигнување на тој рекорд во блиска иднина, пренесува „BBC Sport“.

-Ѓоковиќ игра подобро одошто играше претходно. Мислам дека ќе освои уште четири-пет турнири, секако, во зависно од неговото здравје. Тој покажа дека знае што прави во однос на креирање на историја и покажа дека знае да се справи под голем стрес и притиок. Се обидуваш да го рушиш рекордот, тоа значи огромен притисок, рече Мекинро.

Србинот во 2021 година ги освои сите три големи турнири (Аустралијан Опен, Ролан Гарос и Вимблдон).

 

 

Фото:

sport.avaz.ba

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1