ММС

Објавено на: 07/12/21 1:50 PM

(Видео) Родила ќерка во тинејџерските денови: Сега сите мислат дека се другарки

Парис Леџер е Американка, која на социјалната мрежа ТикТок редовно објавува забавни видео снимки. Меѓутоа пред една недела таа објави видео на кое ја покажа својата мајка и снимката за кратко време стана хит на интернет. Оваа млада девојка се снимаше, а потоа ја сврте камерата за да сними и својата мајка.

„Не можам да верувам дека ова ти е мајката, навистина би помислила дека сте сестри“, се вели во еден од коментарите. Имено, Парис во видеото објаснува дека мајка и ја родила кога имала 13 години, па поради тоа луѓето често мислеле дека се другарки или сестри. Видеото има повеќе од половина милион преглед и илјадници коментари.

„И двете сте преубави, немам зборови. Си си родила другарка, дали поради малата разлика во годините излегувате заедно“, гласи еден од коментарите.

Извор:  telegraf.rs


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1