ММС

Објавено на: 07/12/21 12:21 PM

Немој да не брукаш со таков швалер! Не се знае колку пати се жени!

Дарко Лазиќ наводно е во врска со пејачката Барбара Бобак веќе некое време, а нејзините родители наводно реагирале бурно кога од медиумите дознале дека е во љубов со пејачот.

– Барбара и Дарко се допишуваа подолго време преку Инстаграм, во периодор кога раскинуваше со Марина, тие се префрлија на поконкретен флерт. Се виделе и сфатиле дека има хемија и дека имаат многу теми за разговор. Дарко и порачал на Барбара да се пресели во Германија, па бил постигнат договор таа да го посетува таму кога може. Сепак, се дозна за нив и сè стигна до медиумите, а нејзиното семејство реагирало многу бурно. Кога слушнале дека е со Дарко, доживеале нервен слом. Ги убедила дека е лага и дека не го познава лично Дарко, но не ги убедила до крај. Тие и рекоа дека нема да се движи никаде без надзор. Општ хаос избувна. Тие и рекоа: ‘Ти нема да нè посрамиш со она копиле кој не знае колку пати бил во брак, треба да ја наведнеме главата за тебе и за тој клошар!’ Било навистина густо – тврди извор близок на пејачката за „Стар“, пренесуваат медиумите и додава:

– И покрај тоа, Барбара си го направи своето! Веднаш по хаосот со нејзините родители, таа ги спакува куферите и заедно со Дарко замина за Германија. Откако нејзините дознаа за нивната врска, таа веќе не сака да крие дека е за зањубена, секој ден го објавува Дарко на својот профил на Инстаграм и сака да ги убеди своите родители дека имаат погрешна слика за пејачот. Разговарала и со Дарко, на кој му рекла да ги разбира нејзините, бидејќи тој бил претставен во медиумите на поинаков начин, но верува дека ќе го засакаат кога тој ќе ги запозане нив, открива изворот за медиумите.

 

Извор: Курир.рс


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1